Барселона без Фати најмалку еден месец

72

22-годишниот крилен напаѓач на Барселона, Ансу Фати, ќе пропушти еден месец поради повреда на тетивата.

Фати се повреди на тренинг денеска наутро. Клубот смета дека на играчот ќе му требаат четири недели да се опорави. Ова е втора повреда на Шпанецот оваа сезона. Првата, повреда на коленото, играчот ја доби во јули, поради која го пропушти почетокот на сезоната и не можеше да му помогне на својот тим во првите кола од шпанското првенство.

Сезонава Ансу Фати одигра седум натпревари на сите турнири, на кои не постигна гол.

ПретходноТаткото на Перез потврди: Чеко ќе вози за Ред Бул уште две години
СледноЈанис со неверојатни 59 поени во триумфот над Детроит (ВИДЕО)