Еторе Месина целосно се изгуби: Славеше победа, а мечот отиде во продолжение (ВИДЕО)

360

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ и неговиот тим Олимпија Милано беа поразени од Алба после продолжение со 105-101. Во центарот на вниманието се најде тренерот на тимот од Милано, Еторе Месина.

Легендарниот стратег го пратеше последниот напад на Алба, а кога виде дека го промашија последниот шут од регуларниот дел тргна да слави победа, па дури и да се поздрави со противничкиот тренер. На половина пат сфати дека ништо не е готово и дека мечот ќе се решава после продолжение.

ПретходноВујошевиќ без влакно на јазик: Тој е таква бубашваба…
СледноАнчелоти стравува од Ливерпул – го менува планот!