Еден од главните „оперативци“ на тимот на Милан во моментов, светската фудбалска легенда Златан Ибрахимовиќ во опширно интервју рече дека неговиот сон е да го врати клубот на старите патеки, односно да биде при самиот врв на европскиот фудбал.
Легендарниот напаѓач истакна дека миланскиот гигант сака да се врати во своето славно минато во Европа, но и прецизираше дека е потребно време за тоа да се случи.
„ Милан е клуб е дел од фудбалската историја, а ние сме само уште една генерација која што е тука и која ќе замине. Правиме микс од сегашноста и иднината. Ова е Милан . Сакам да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на Силвио Берлускони и Адријано Галијани, бидејќи ние сме тука благодарение на нив. Верувам во овој проект и во она што го претставува Милан . Мислам дека ја делам истата визија со луѓето кои работат овде. Луѓето сакаат да постигнат извонредни работи и да испишуваат историја, а кога зборуваме за победи, тоа ме прави да се чувствувам жив. Од позицијата на која сум во моментов, не можам да му помогнам на тимот да победи, но имам уште многу да научам и тоа го правам со понизност. Се чувствувам поврзан со Милан на посебен начин и по завршувањето на мојата кариера и сакам да направам големи работи со овој тим. Сум играл во многу клубови, исклучителни, но тој што ми даде најмногу во кариерата е Милан“ – изјави Ибрахимовиќ.