Милевски: Нашата примарна цел е прво место во групата, се друго е плус

116

Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток во 20:45 часот го игра претпоследниот дуел од тековната Лига на Нации против репрезентацијата на Летонија.

Имаме пред себе императив на победа, за да го освоиме посакуваното прво место на табелата во групата, што ќе ни овозможи пласман ранг погоре за следниот циклус.

Селекторот Благоја Милевски и еден од капитените Столе Димитриевски на официјалната прес конференција предмалку рекоа дека победата како таква е императив сиот овој изминат период и Лигата на Нации, што секако се наметнува и на овој меч.

„Максимален респект за Летонија. Не не залажува резултатот од тој меч, одиме максимално, одговорно кон нов добар резултат. Имам потенцирано многу пати дека овие момци, без разлика што им се случува во клубовите, повреди, натпреварувачка форма која е лоша, кога доаѓаат за репрезентација даваат 100%. Нивниот карактер како играчи но и како личности се перфектни и тоа им помага кога доаѓаат на собир на репрезентација да бидат на највисоко ниво. Тоа што им се случува во клубовите не е во наша моќ, но по она што го покажуваат во репрезентацијата јас имам само пофални зборови“ – рече селекторот па додаде

„Секој си има план и подготовка. Спремни сме на се она што не очекува околу утрешниот противник. На нас самите е да одиграме. Ме радува што за нештата сами одлучуваме. 

Морам да го истакнам задоволството од она што го видов како информација на терен што се однесува до новитетите. Имаат потенцијал за да бидат дел од овој тим.“ – истакна селекторот.

Димитриевски: Се надевам на „чиста мрежа“ но поважно е да победиме

Нашиот прв голман Столе Димитриевски има во моментов проблем со минутажата во неговиот тим Валенсија, па настапите во националниот тим секако дека му се „мелем на раната“.

„Немаме притисок. Секако дека се стремам да не примам гол и да ја продолжам серијата на чиста мрежа. Сепак, најважно е да победиме и да ја оствариме целта“ – изјави нашиот капитен.

Барди е под знак прашалник

Селекторот Милевски рече дека под знак прашалник е Енис Барди кој подолг период се мачи со воспаление на гласните жици но кој точно ќе биде подготвен за утрешниот дуел ќе се знае по вечерниот официјален тренинг

 

 

ПретходноКари собори уште еден НБА рекорд
СледноБарди неизвесен за настап на дуелот со Летонија