Партизан не успеа да се врати од -23, Барса славеше во Белград

89

Кошаркарите на Партизан продолжија со порази во Евролигата. Вечерва на домашен терен беа поразени од Барселона, што за „црно-белите“ беше петтиот пораз во низа.

Во чудна средба Партизан беше отвори подобро, но потоа Каталонците кон средината на третата четвртина стигнаа и до огромни 23 поени предност, а до крајот на мечот мораа добро да се испотат за да ја зачуваат предноста.

Партизан успеа да се врати во добар ритам во последнот период, но немаше сили за неверојатен кам-бек. Барселона на крајот славеше со 79:87 и со тоа остана на делба на првото место на табелата со Фенербахче со по 7 победи во девет меча.

Вечерва кај Барселона најефикасен беше Пантер со 18 поени, додека кај Партизан Џонс постигна 17.

ПретходноРепрезентативците го одржаа официјалниот тренинг пред дуелот со Летонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЛегендарниот Грег Попович имал мозочен удар