Поранешниот француски репрезентативец доби затворска казна!

133

Францускиот фудбалер Висам Бен Једер е осуден на две години затвор поради сексуален напад врз жена, изјавија неговите адвокати за АП.

Адвокатите рекоа дека ќе се жалат на пресудата, а обвинителот побара казна затвор од две години и шест месеци, вклучително и 18 месеци условна.

На Једер му беше наложено и да плати отштета од 5.000 евра на жртвата.

На 6 септември, Бен Једер запознал жена која се согласила да влезе во неговиот автомобил. Фудбалерот кој бил под дејство на алкохол ја ставил раката на жената на бутот, се обидел да ја бакне, а потоа мастурбирал пред неа.

Жената била исплашена и шокирана и веднаш поднела тужба, а Бен Једер бил уапсен во мало гратче на француската ривиера, а набрзо потоа бил ослободен. Тој призна дека возел под дејство на алкохол, но остро негираше каков било сексуален напад.

Минатата година во Севиља беше осуден на условна затворска казна од шест месеци поради затајување данок, а постапката се води и против неговиот поранешен агент.

Бен Једер е без клуб откако на крајот од минатата сезона му истече договорот со Монако.

Минатата сезона тој постигна 16 гола и имаше три асистенции за да му помогне на тимот да заврши на второто место на табелата зад шампионот Пари Сен Жермен.

Во пет сезони за Монако одигра 201 натпревар и постигна 118 голови во сите натпреварувања.

За француската репрезентација одигра 19 натпревари од 2018 до 2022 година, постигна три гола и ја освои Лигата на нации.

ПретходноСтеф Кари ги прати на спиење Дончиќ и Томпсон (ВИДЕО)
СледноПрвиот човек на Ла Лига со остри критики кон Флорентино Перез