Првиот човек на Ла Лига со остри критики кон Флорентино Перез

372

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас го критикуваше раководството на Реал Мадрид во лицето на првиот човек на „кралскиот клуб“ – Флорентино Перез. Тој го обвини шефот на тимот од Мадрид дека и покрај неговите големи амбиции, почнал да се доживува себеси како месија.

„Се додека Флорентино е на чело на Реал Мадрид, ќе бидам вознемирен и загрижен. Добро го познавам Флорентино долги години и тој е многу наметлива и упорна личност, тој секогаш сака да биде во право во се. Во последно време, тој почна да се смета за месија. Да видиме што ќе каже на клупскиот состанок. На последниот состанок тој рече дека Реал Мадрид дошол да го спасува фудбалот. Тој се смета за месија“, изјави претседателот на Ла Лига.

ПретходноПоранешниот француски репрезентативец доби затворска казна!
СледноВујошевиќ без влакно на јазик: Тој е таква бубашваба…