Рома го враќа Раниери од пензија за да го преземе тимот

100

Рома одлучи кој ќе биде нивен нов тренер по отказот кој го доби Иван Јуриќ. Според новинарот Фабрицио Романо, Клаудио Раниери е на чекор од продолжување на тренерската кариера и тоа токму во римскиот клуб.

Според Скај Спорт, двете страни постигнале вербален договор во Лондон и моментално ги преговараат последните детали. Се зборува дека Клаудио Раниери потпишал договор со Рома до крајот на актуелната сезона.

ПретходноЛегендарниот Грег Попович имал мозочен удар
СледноСавовски најдобар поентер во поразот на Војводина во првиот меч од Купот на ЦЕВ