Ракометната федерација на Македонија и официјално го објави билтенот за одиграните мечеви во женскиот Куп на Македонија. Добро е познато дека овие натпревари ги одбележа скандалот за време на дуелот меѓу Скопје и Гевгелија. Ракометарките на двете екипи си даваа автоголови и намерно промашуваа во противничката мрежа.
Она што вчера беше најавено денеска доби потврда.