Кејн лут на соиграчите: Не ми се верува, ги ставаат клубовите пред Англија!

427

Капитенот на Англија, Хари Кејн, го изрази своето разочарување што голем број играчи го напуштија репрезентативниот камп пред натпреварите од Лигата на нации против Грција и Република Ирска. Досега, осум од играчите повикани од Ли Карсли се вратија во своите клубови за целосно да се опорават од разни здравствени проблеми. Сепак, според Хари Кејн, репрезентацијата треба да се стави пред клубовите.

„Мислам дека Англија е најважна работа. Англија е пред клубовите. Ова е најважното нешто за професионален фудбалер. Герет Саутгејт беше цврст околу тоа и не се плашеше да носи одлуки доколку некои играчи почнат да отстапуваат од тој принцип“, рече Кејн.

На прашањето дали мисли дека токму тоа е типот на отстапување што се случи кај некои играчи оваа недела, напаѓачот одговори:

„Она што се случува оваа недела е жално. Мислам дека е тежок период од сезоната и можеби има нешто позитивно во тоа. Ако треба да бидам искрен, не ми се допаѓа затоа што Англија е пред се“.

ПретходноСавовски најдобар поентер во поразот на Војводина во првиот меч од Купот на ЦЕВ
СледноТаткото на Перез потврди: Чеко ќе вози за Ред Бул уште две години