Македонскиот одбојкарски репрезенттаивец Филип Савовски одигра извонреден меч за екипата на Војводина, но не успеа да спаси пораз на новосаѓани на гостувањето кај Брашов во Романија во рамките на 1/16-финалето на Купот на ЦЕВ. Војводина беше поразена со 3:1, па ќе мора да се потруди на реваншот за една недела на домашен терен да дојде до максимална победа за пласман во осминафиналето.
Нашиот среден блокер го заврши ова гостување кај Брашов со 14 реализирани поени и беше најдобриот поентер во својата екипа. Савовски имаше фантастични 5 блокади со кои покажа дека се наоѓа во извонредна форма.