Таткото на Ф1 пилотот, Серхио Перез, Антонио Перез Гарибај побара извинување од сите кои тврдеа дека неговиот син ќе го објави своето повлекување од Формула 1 за време на ГН на Мексико. Притоа, Перез постариот потврди дека Чеко ќе остане во Ред Бул и во следните две години.
„Медиумите кои во Мексико рекоа дека тој повеќе нема да се трка и ќе објави дека се пензионира треба барем да се извинат. Тој ќе биде тука во следните две години. Тој го најави ова. Ред Бул е најпрофесионалниот тим во моментов, тимот е шампион. Тие прават се што е потребно за да се вратат, не само со болидот на Чеко, туку и со болидот на Макс Верстапен. Тие се борат за шампионската титула. Мислам дека Макс може повторно да стане шампион и Ред Бул да биде во првата тројка. Реструктуирањето на Ред Бул ќе се случи на крајот на годината“, изјави таткото на Серхио Перез.