МЗТ Скопје со победа го отвори 7. коло

63

Во првиот натпревар од 7. коло од Првата „Мтел“ лига, кошаркарите на МЗТ Скопје ја оправдаа фаворитската улога и го совладаа видно изменетиот состав на Вардар во кој веќе ги нема странските кошаркари. Шампионот на крајот однесе победа од 79:110.

Младите кошаркари на Вардар одиграа добар прв дел од мечот, но во финишот не можеа да му парираат на ривалот. Во осум минути игра од вториот период, шампионот имаше низа од 25-12 и успеа на пауза да дојде до 40:49.

Во второто полувреме, работите, некако, си дојдоа на своето место. „Сино–белите“ притиснаа малку посилно, и во тој временски период од десет минути ги тргнаа сите дилеми. Изградија недостижно водство (77:55).

Андоноски реализираше 19 поен, а Дамјан Стојановски стигна до 16. Кај Вардар, Бајрам постигна 20, а Марјановиќ 18 поени.

ПретходноАС: Нејмар е руина
СледноОФИЦИЈАЛНО: Раниери е нов тренер на Рома