Очајна посета на Арената

533

Македонската репрезентација предмалку го стартуваше мечот од Лигата на Нациите против Летонија на Арената Тодор Проески, но очигледно дека овој меч не предизвика премногу возбуда кај гледачите.
Едвај 3000 гледачи на Арената што е премалку за еден меч на националниот тим.

Иако најавите беа големи, односно повикот од страна на репрезентативците како и селекторот за масовност на овој дуел и поддршка од страна на навивачите сепак, трибините на Арената останаа празни.

Ладното време, или пак, можеби неатрактивноста на противникот, точно и ние не можеме да одгатнеме, но ако денеска е вака како ли ќе биде в недела против Фарските Острови од 15:00 часот.

 

ПретходноМакедонија веќе може да го слави пласманот во Б Лигата на Нации
СледноОстанавме без Елмас, Ќамили во игра