Полувреме Македонија – Летонија: Во шанси 1:1, во голови 0:0

112

Во претпоследниот дуел од Лигата на Нациите Македонија на Арената Тодор Проески во моментов спарингува со селекцијата на Летонија. Пред полупразните трибини, Македонија реално имаше повеќе посед но не и фудбалска инспирација, енергија или пак капацитет повеќе од противникот.

Напротив, Летонија беше таа која што прва сериозно се закани, откако Јурковскис погоди само во надворешниот дел од мрежата.

На спротивната страна, неколкуте ситуации на Македонија најпрво завршија со офсајд, за да во последните моменти од полувремето, Исник Алими ја има зицер ситуацијата за нас. Сепак, Матревитс, голманот на Летонија одлично реагираше и не дозволи наше водство.

 

ПретходноОлимпијакос ја доби драмата со Макаби во Белград
СледноАнгличаните го открија планот на Тухел: Во репрезентацијата го враќа играчот на кого му беше направена неправда