Серафимов е скромен: Најважно е дека освоивме три бода!

114

Никола Серафимов е стрелец на единствениот гол на денешниот меч меѓу Македонија и Летонија. Со овие бодови нашата репрезентација остана на првото место на табелата и победнички го потврди местото во Б Дивизијата во Лигата на Нации. За Серафимов ова беше деби гол во националниот дрес.

„Точно, победата е само 1-0, но трите бода се најважно. Знаевме дека ќе биде тежок натпревар, тие се добро организиран противник, играа поповлечено и порезервирано, се обидоа да не загрозат преку контри и полуконтри, успеавме да го спречиме тоа, мислам дека имаа само една добра ситуација. Беа многу компактни, но на крајот освоивме три бода и победа и пласман во Б Дивизија, а тоа е најважно.

Не чувствувавме никаков притисок. Пред мечот имавме разговор со селекторот ни кажа дека не треба да правиме калкулации, напомена дека е важно да се победи денеска. Шест бода беа императив на двете средби, без разлика на гол разликата“, изјави Серафимов. 

Македонија во недела ги пречекува Фарски Острови во последниот меч од групната фаза во Ц Дивизија.

ПретходноВо недела: Ноќна атлетска трка во Скопје