Одбојкарите на Штип УГД и Струмица остварија нови победи во рамките на 6. коло од домашното првенство и се вратија на делба на првото место на табелата. Штипјани беа убедливи против Вардар, додека Струмица без проблеми дојде до триумф над Весна Пробиштип.
Овие два тима се со бод предност пред ГОК Борец, кој може да се врати на врвот ако вечерва го добие мечот на гостински терен против Јанта Волеј.
ПРВА ЛИГА – МАЖИ / 6. КОЛО
Универзитет во Тетово – Сушево 3:0 (25:14, 25:20, 25:14)
Работнички 71&22 – Македонија Џио 3:0 (25:14, 25:9, 25:11)
Лирија – Скопје 3:1 (25:21, 25:18, 17:25, 26:24)
Струмица – Весна Пробиштип 3:0 (25:15, 25:21, 25:10)
Штип УГД – Вардар 1947 3:0 (25:13, 25:10, 25:15)
Јанта волеј – ГОК Борец (денеска)
ТАБЕЛА: 1. Штип УГД (15), 3. Струмица (15), 3. ГОК Борец (14), 4. Работнички 71&22 (13), 5. Универзитет во Тетово (12), 7. Шкендија (11), 8. Лирија (7), 9. Скопје (5), 10. Вардар 1947 (5), 11. Македонија Џио (3), 12. Весна Пробиштип (3), 13. Сушево (2), 14. Јанта Волеј (0).