АС: Нејмар е руина

92

Поради повредата што ја заработи на својот меч со Ал Хилал, бразилскиот напаѓач Нејмар годинава нема да се врати на терените. Некогаш еден од најдобрите светски фудбалери одигра само 20 натпревари од Светското првенство во 2022 година, како што се истакнува во текстот насловен „Нејмар е руина“.

Идолот на генерацијата одигра само 11 од тие 20 натпревари во полни минути. “Неговиот пекол продолжува. Само што се појави светлината на крајот од тунелот, повредите повторно тропнаа на вратата”, се додава во текстот, потсетувајќи на неволјите што го снашле.

Кошмарот на Нејмар започна по Катар. Поради операција на скочниот зглоб пропушти 131 ден, поради повреда на мускулот 30, потоа ги скина вкрстените лигаменти, пропушти 366 дена, а сега е повреден десниот бутен мускул.

Таа повреда ја доживеа на мечот од азиската Лига на шампиони во кој Ал Хилал на домашен терен го победи Естеглал со 3:0. Бразилската ѕвезда влезе во игра во 58. минута од натпреварот, а ја напушти во 86. минута.

Нејмар оваа сезона одигра само 13 минути против Ал Аин и 29 против Естеглал. За Ал Хилал, клуб од Саудиска Арабија кој му плаќа околу 120 милиони евра по сезона, тој има одиграно само седум натпревари од доаѓањето во летото минатата година. Постигна еден гол и трипати асистираше.

ПретходноБарселона има 130.000 дресови кои мора да ги подари
СледноМЗТ Скопје со победа го отвори 7. коло