Ајде Македонија: Да покажеме зошто сме лидери во групата

503

Како ретко кога, Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 на Арената Тодор Проески во Скопје ќе има можност да завери прво место во група. Да, Македонија вечерва против Летонија во рамките од претпоследното коло од овогодинешната Лига на Нации ќе игра за прво место. Победата ќе не „закова“ на врвот и ќе ни обезбеди статус на првопласирана репрезентација, со кој што потоа ќе имаме можност да напредуваме при следното вакво натпреварувње.

Македонија игра добро, и тоа во континуитет. Она што ни се случи на стартот на оваа кампања, оној кикс на Фарските Острови и одиграните 1:1, како да не разбудија од летаргијата, од монотонијата, и ни внесоа енергија во нозете. Истата таа енергија со коа што забележавме потоа три победи по ред прокниживме десет бода и сме далеку пред останатите ривали во групата.

Знаеме како против вечерашниот противник

По тоа несреќно реми на Фарски, дома ја победивме Ерменија со 2:0, за да потоа дојде клучниот момент и гостувањето токму кај Летонија. Најважен меч во оваа кампања. Одигравме фајтерски, и победивме со 0:3. За некого изненадувачки но головите на Атанасов, Ќамили и Елмас, во тој момент ни донесоа четири бода на контото и комфорна зона на табелата. По само три дена нов триумф над Ерменија повторно на гости од 0:2, и стана јасно на каде „плови бродот“ за нас во оваа Лига на Нации.

Само теорија може да не спречи 

Математички Македонија е загрозена и тоа нејзино прво место во моментов, но само на хартија. Реално, избраниците на Благоја Милевски треба да доживеат невиден дебакл вечерва (што секако нема да се случи) па да ја искомпромитираме целата ситуација и она што го создадовме како капитал досега.

Барди под знак прашалник, ќе мораме без Муслиу

Иако вчера го одработи официјалниот тренинг, капитенот Енис Барди е под знак прашалник за вечерниот дуел. Тоа го потврди и самиот селектор Благоја Милевски на вчерашната прес конференција, на која нагласи дека Барди има проблем со гласните жици веќе извесен период. Нема да настапи ниту Висар Муслиу кој е повреден и воопшто не тренира.

Ц ЛИГА НА НАЦИИ, ГРУПА 4

ДВОЈКИ ЗА 5.КОЛО – ДЕНЕСКА

Ерменија – Фарски Острови 18:00

МАКЕДОНИЈА – Летонија 20:45

Табела:

1.Македонија 4 8:2 10

2.Ерменија 4 6:7 4

3. Летонија 4 3:8 4

4.Фарски Острови 4 4:5 3

ПретходноФорлан го загуби првиот тениски професионален меч
СледноПознати противниците во Златната Европска лига 2025, Македонија организатор на третиот турнир