Барселона има 130.000 дресови кои мора да ги подари

214

Барселона го потврди новиот спонзорски договор со добавувач на спортска опрема и обувки. Ќе важи 14 години, значи до 2038 година, а првиот човек на клубот Жоан Лапорта го нарече „најдобриот договор во светот на фудбалот“ поради сумата што ќе дојде на Камп Ноу во тој период.

За продолжување на договорот со актуелниот добавувач Барселона ќе добие бонус од 100 милиони евра, а потоа сума од околу 125 милиони евра годишно кога вкупниот приход ќе се подели на годините на договорот. Сепак, пред да се потпише договорот и додека се чинеше дека преговорите ќе пропаднат, Барселона дизајнираше и изработи 130.000 дресови. Поради потпишаниот договор сега не може да ги продаде.

Поради тоа, клубот реши да им ги подели дресовите кои нема да можат да ги користат на своите членови.

ПретходноЈунајтед ќе го испрати Ентони во Бразил во замена за играч на Фламенго!? (ВИДЕО)
СледноАС: Нејмар е руина