Едиствената репрезентација која успеа да и земе бод на Македонија – победнички доаѓа во Скопје

493
📷 Bjarni Enghamar og Hans Erik Danielsen

Репрезентација на Фарски Острови во победничка атмосфера доаѓа во Скопје. Во првиот меч од петтото коло во нашата група 3, „фараните“ славеа на гостувањето кај Ерменија со 0-1 и тоа го запишаа првиот триумф во овој циклус.

Единствениот гол на оваа средба беше постигнат во 33-та минута, а реализатор беше Давидсен, кој стрелаше од белата точка.

Фарски Острови засега е единствената репрезентација која успеа да и земе бод на Македонија по првите четири кола во Ц Лигата на Нации, откако на домашен терен одигра 1-1 против „црвено-жолтите“.

По победата „фараните“ имаат шест бода, четири помалку од нашиот тим, кој има меч помалку.

Дуелот меѓу Македонија и Фарски Острови се игра во недела, а вечерва нашите момци ќе ги одмерат силите со најслабата репрезентација во нашата група – Летонија.

ПретходноЧаби им кажал на „фармaцевтите“ дека на лето си оди
СледноМакедонија веќе може да го слави пласманот во Б Лигата на Нации