Денеска репрезентацијата на Македонија до 21. година ќе го одигра првиот од двата пријателски мечеви против соодветната селекција на Косово.
Нашиот национален тим веќе неколку дена се подготвува во рамките од тренинг кампот, организиран за генерацијата 2004/05. Истата ќе треба да го понесе товарот на следниот квалификациски циклус, што ќе стартува на пролет.
Селекторот Канатларовски има пред себе триесетина фудбалери од кои ќе треба да го одбере најдоброто и да се впушти во нов предизвик. Мечот е закажан за 13:00 часот, а ќе се игра на Комплексот Петар Милошевски во Скопје.