Милано: Едвај чекав да дојдам во Скопје! Сигурен сум дека Вардар ќе напредува на секое поле!

286

Аргентинецот Гиљермо Милано почна да ги води тренинзите на РК Вардар и веќе во сабота на гостувањето во Струга треба да дебитира на клупата на најтрофејниот македонски ракометен клуб.

“Со нетрпение го очекував доаѓањето во Скопје и запознавањето со ракометарите, и веќе ги имав и првите тренизни со екипата. Морам да кажам дека како тим со кој ќе раководам имам вистински професионалци кои ми оставија одличен впечаток. Првите впечатоци се одлични, и очекувам, и знам дека ќе напредуваме на секое поле. Не очекува период полн со натпревари, но верувам дека сите заедно ќе успеме во исполнување на поставените задачи, изјави Милано.

Дел од ракометарите кои настапуваа за своите национални репрезентации се пожалија на мали повреди и тие ги пропиштија првите тренинзи неделава, но набрзо ќе се приклучат на екипата.

 

ПретходноПораз на Македонија У21 од Косово
СледноЈунајтед ќе го испрати Ентони во Бразил во замена за играч на Фламенго!? (ВИДЕО)