Начевски и Николов ќе ја делат правдата на СП 2025!

77

Најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе бидат дел од уште едно големо натпреварување.

Светската ракометна федерација ги објави 24-те судиски парови кои ќе ја делат правдата на Светското првенство 2025 година кое во јануари ќе се одржи во Данска, Норвешка и Хрватска, а на листата беа нашите судиите. На овој Мундијал учество ќе земе и Македонија, групната фаза ќе ја игра во Вараждин, а противници ги има селекциите на Холандија, Унгарија и Гвинеја.

Во меѓувреме Начевски и Николов добија покана да ја делат и правдата на 27. издание на Азиската лига чиј домаќин е Доха.

ПретходноВтора шанса за дамите во Сребрената Европска лига 2025
СледноПораз на Македонија У21 од Косово