Англискиот фудбал се повеќе го тресат скандали но не приредени од фудбалерите, или нивните сопруги, ништо слично. Напротив, проблемите доаѓаат од сосема друга страна. Од арбитрите. Таблоидот Сан објави ексклузивна снимка на која што судијата Дејвид Кут во хотелска соба за време на Европското првенство, шмрка кокаин. Неверојатно. Ова е втор скандал поврзан со овој судија, откако најпрво се појави снимка, аудио, во која тој јавно зборува против тимот на Ливерпул и сега веќе екс тренерот Јирген Клоп.
Што ќе се случува понатаму со Кут сеуште не е познато, но санкции нормално дека ќе има. ФА засега не се огласила, но тоа ќе се случи дефинитивно. Доколку се докаже дека на снимката е дефинитивно фудбалскиот арбитар, тоа нормално дека ќе има не само последици по неговата кариера, која што многу веројатно е готова, туку тој и кривично ќе одговара. Во секој случај ова е само уште еден во низата скандали кој што го тресат фудбалот во Англија, кој што пак очигледно не е имун на проблеми од типот на корупција, криминал, и неморално однесување.
Oh no, David Coote caught doing cocaine, he's really is finished as a referee!
The video is apparently from the 2024 Euros where he was officiating 😳pic.twitter.com/OEnrTMtSu1
— Football Hub (@FootbalIhub) November 13, 2024