Олимпијакос го совлада Макаби со 91-94 на гостински терен (Белград) и го запиша петтиот триумф во низа во Евролига. До целиот плен тимот од Пиреја дојде благодарение на добрата игра во второто полувреме. За Олимпијакос ова беше седми триумф, има и три порази. Додека пак тимот од Тел Авив има седум порази и три победи.
Во редовите на Олимпијакос прв стрелец беше Везенков со 21 поен, четири скока и две асистенции, зад него беше Фурние со 20 поени. Кај Макаби пак Хорд имаше 20 поени.
Fifth W in a row for @Olympiacos_BC after an absolute thriller of a game! ✅#EveryGameMatters pic.twitter.com/LrpppFhVB5
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) November 14, 2024