Пораз на Македонија У21 од Косово

465

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година пред малку на комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје загуби со конечни 1-3 во првиот од двата контролни мечеви против репрезентацијата на Косово.

Во игра која што ни малку не ветува новата генерација 2004/2005 беше надиграна во поголемиот дел од мечот. Иако поведовме со голот на Величковски, Косово не само што израмни пред полувреме, туку во вториот дел целосно издоминира и заслужено победи.

На паузата Македонија направи многу измени и вториот дел играше со речиси нов состав, но и не помогна да за извлечеме поволен резултат. Поголемиот дел од „странците“ во нашиот состав добија шанса, но според самиот резултат се чини ретко кој ја искористи.

Останува да се поправиме за вториот меч, кој се игра за 17 ноември, исто на комплексот „Петар Милошевски“.

ПретходноНачевски и Николов ќе ја делат правдата на СП 2025!
СледноМилано: Едвај чекав да дојдам во Скопје! Сигурен сум дека Вардар ќе напредува на секое поле!