Раниери пречекан со овации на аеродромот во Рим (ВИДЕО)

167

Искусниот Клаудио Раниери е нов тренер на тимот на Рома. По смената на хрватот Јуриќ и серијата очајни резултати, Раниери доаѓа на Олимпико како еден вид спасител од лошата ситуација.

Тоа навивачите на Рома го препознаваат нормално, па Раниери синоќа на аеродромот во Рим беше дочекан како вистински херој. Тој претходно го водеше тимот помеѓу 2009 и 2011 година, како и на крајот од сезоната 2018/2019. Тоа значи дека ова му е трет мандат во Рома, клуб каде го помнат по успеси.

Италијанецот ја прекина пензијата, која ја најави на крајот на мај, кога го спаси тимот на Каљари од испаѓање . Сепак, тој сега се врати за да ги подигне Римјаните во многу тежок момент, кои ја започнаа сезоната со Даниеле Де Роси на кормилото, кој потоа пак беше заменет од Иван Јуриќ.

Сепак, и обајцата не се снајдоа на клупата на Рома, па сега управата се реши за искусно решение кое очигледно дека секогаш го има вистинскиот одговор за проблемите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sky Sport (Italia) (@skysport)

ПретходноОгромен скандал во Англија: Судија од Премиер лигата фатен како се дрогира (ВИДЕО)
СледноАтанасов: Ќе оставиме срце на терен за Македонија (ВИДЕО)