Ракометната федерација на Македонија, она што го вети денеска и го исполни. На три национални селекции им ги исплати премиите. Станува збор за машката ракометна репрезентација, која ќе подели два милиони денари за пласман на Мундијалот во 2025, женската сениорска репрезентација за пласман ан ЕП 2024, како и на младинската машка репрезентација за за освоено 9. место на M20 Европскиот шампионат 2024, кое се одржа во Р. Словенија.
– 2.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација, за пласманот на IHF Men’s World Championship 2025 кое ќе се одржи во Хрватска,Норвешка и Данска ;
– 1.000.000,00 денари на младинската селекција (машка конкуренција), за освоено 9-то место на M20 EHF EURO Championship 2024, кое се одржа во Р. Словенија ;
– 2.000.000,00 денари за пласман на женската сениорска репрезентација на Women’s EHF EURO 2024, кое ќе се одржи во Унгарија, Швајцарија и Австрија ;