Според ФИБА: Македонија vs Литванија е пресметка која вреди да се гледа!

733

Македонија против Литванија, во обид да дојдеме до позитивен резултат кој ќе значи чекот поблиску до посакуваниот пласман на ЕП 2025 година. Првиот од двата дуели во овој квалификациски циклус се игра во четвртока (21. ноември/18 часот) во СРЦ „Кале“.

ФИБА го „номинираше“ овој меч како еден од десетте кој вреди да се погледнат во овој ноемвриски ФИБА „прозорец“.

На сајтот на светската кошаркарска федерација стои и тоа дека двете селекции го дочекуваат овој ноември со идентичен скор (1-1) во групата „Х“, со потсетување на оние незаборавни, за нас, моменти од Европското првенство од 2011 година, кога го победивме домаќинот на тој Евробаскет.

Ако Литванците загубат двапати до крајот на овој квалификациски циклус, како што се вели во најавата за овој натпревар во Скопје, извесно е дека може и да „влезат“ во ситуација во која беа и во претходните квалификации, кога некако ја „преживеаја“ Данска.

Од друга страна, по убедливиот февруарски триумф на гостински терен во Полска, нашиот национален тим е со активни шанси за продолжување на амбициите поврзани со уште еден настап на ЕП.

ПретходноМилано почна со тренинзите во Вардар (ФОТО)
СледноВтора шанса за дамите во Сребрената Европска лига 2025