Стартуваме офанзивно и на победа: Елмас, Миовски, Чурлинов, Трајковски….

398

Македoнската фудбалска репрезентација за нешто повеќе од два часа на Арената Тодор Проески ќе го одигра претпоследниот дуел од оваа Лига на Нации.

Победата е императив, за да останеме први во групата, па токму затоа, селекторот Милевски се одлучи за ултра напаѓачка варијанта овојпат.

На голот стандардно Столе Димитриевски, а во последниот ред ќе бидат Бојан Димоски, Никола Серафимов, Ѓоко Зајков и Езџијан Алиоски.

Капитенот Енис Барди е заедно со Исник Алими во редот за врска, додека пак како крилни напаѓачи се Елиф Елмас и Дарко Чурлинов. Во нападот се одлучивме за Александар Трајковски односно Бојан Миовски.

ПретходноШтип УГД и Струмица се вратија на врвот, барем до новиот меч на Борец
СледноГаздата на АЕК дава 300.000 евра ако Грција ја победи Англија