Форлан го загуби првиот тениски професионален меч

71

Сите го помниме Диего Форлан како екстра класа на фудбалер кој беше најдобар стрелец на Мундијалот во 2006 година, а играше со успех за Интер, Манчестер Јунајтед, Атлетико Мадрид…

Уругваецот кој сега веќе има 45 години реши својот спортски пат да го продолжи како тенисер. Малкумина знаат дека тој до својата 16.година паралелно се бавел со фудбал но и со тенис и овој спорт воопшто не му е непознаница.

Па така, во категоријата на тенисери над 40. години тој во двојки заедно со својот партнер, Федерико Кориа со 6:2 и 6:1 загубија од двоецот Борис Ариас и Федерик Зебалос на АТП Челинџот во Монтевидео.

Секако, мечот во кој настапи Форлан предизвика многу внимание, но за да направи нешто повеќе во тенисот како што тоа беше случај со фудбачот очигледно дека ќе треба да поработи многу повеќе.

 

ПретходноРФМ исплати премии во износ од пет милиони денари
СледноАјде Македонија: Да покажеме зошто сме лидери во групата