Дека деновите на Ентони како првотимец на Манчестер Јунајтед се избројани, тоа воопшто и не е некаква тајна. Крилото настапи само на четири меча сезона, а од друга страна има огромна плата, чини многу па менаџментот секако дека ќе сака што побрво да се ослободи од него.
Шанса за тоа се отвора на несекојдневно место. Јунајтед е заинтересиран за суперстарот на Фламенго, Лоран кој е исто така крилен напаѓач и е мета на многу великани од Европа. Негобвата цена не е мала, но кога во трансферот би бил вклучен и Ентони, е тогаш нештата ќе станат многу поинакви.
Лоран на 34 меча забележа пет гол и четири асистенции, а не би чинел повеќе од 20 милиони евра.
🚨 Manchester United could use Antony in a deal to sign Flamengo teenager Lorran.
(Source: @TBRFootball) pic.twitter.com/Ttdb7bzcY5
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 13, 2024