Олимпијакос ја доби драмата со Макаби во Белград

20
Фото: Евролига/Твитер

Олимпијакос го совлада Макаби со 91-94 на гостински терен (Белград) и го запиша петтиот триумф во низа во Евролига. До целиот плен тимот од Пиреја дојде благодарение на добрата игра во второто полувреме. За Олимпијакос ова беше седми триумф, има и три порази. Додека пак тимот од Тел Авив има седум порази и три победи.

Во редовите на Олимпијакос прв стрелец беше Везенков со 21 поен, четири скока и две асистенции, зад него беше Фурние со 20 поени. Кај Макаби пак Хорд имаше 20 поени.

ПретходноОстанавме без Елмас, Ќамили во игра
СледноПолувреме Македонија – Летонија: Во шанси 1:1, во голови 0:0