Италијанскиот стратег Клаудио Раниери и официјално е новиот тренер на Рома
73-годишниот Италијанец, кој неодамна објави крај на кариерата, ќе биде на клупата на „волчицата“ до 2025 година. Ова ќе биде трет мандат за Раниери во Рома, откако беше тренер на римскиот состав од 2009 до 2011 година, но и во 2019 година. Исто така Раниери ќе биде и советник на управата и ќе му помогне на клубот да пронајде тренер за следната сезона. Раниери е трет тренер на Рома сезонава, откако пред него на кормилото на „волчицата“ се наоѓаа Даниеле Де Роси и Иван Јуриќ.
По 12 кола во италијанската Серија А, Рома има 13 бода и се наоѓа на 12-тото место на табелата.