Македонската фудбалска репрезентација има четири победи по ред во Лигата на Нации. На најдобар можен начин го освојуваме првото место во групата и одиме во Б дивизијата. Сето ова е благодарение на вечерашниот триумф на Арената Тодор Проески над Летонија со 1:0, со голот на Никола Серафимов во 58. минута. Она што го посакувавме, и кон она што се стремевме сиот овој изминат период тоа и се оствари. Македонија ја постигна целта за која што влезе во оваа кампања и сега може слободно да се свртиме кон она што заслужено го остваривме.
Четири меча сме без примен гол
Она што го најави нашиот голман Столе Димитриевски пред овој меч, она што го посака тоа и го оствари. „Чиста мрежа“ по четврти пат во серија. Откако не прими гол на домашен терен и на гости против Ерменија односно Летонија, нашиот голман и вечерва беше перфектен. Ако се земе в предвид дека и оној гол кој што го примивме против Фарски Острови беше од пенал, тоа значи дека ние во оваа кампања не сме примиле гол од игра.
Тешко прво полувреме
Мечот го стартувавме со релативно поголема иницијатива која во тој момент не беше валоризирана со некакви си шанси. Противникот сконцентриран во одбраната, ориентиран на контра напади, прв сериозно се закани преку Јурковскис кој шутираше покрај дирекот.
Ние возвративме со притисок во последните десетина минути, а тоа пак резултираше со големата шанса на Алими но голманот на Летонија одлично реагираше.
Иницијативата вроди со плод во вториот дел
Македонија во второто полувреме излезе на терен решена да победи. Од првиот момент се префрливме на противничката половина. Димовски со удар од дистанца прв се закани, додека следен беше Ќамили кој промаши зицер создаден од левата крилна позиција. За малку беше кус во реакцијата и шансата пропадна.
Конечно, во 57. минута по прекинот, а во кој учевствуваа неколку наши играчи, стоперот Никола Серафимов се најде во најдобра позиција на „втора“ и погоди во празната мрежа на Летонија.
Следуваа неколку ситуации пред противничкиот гол во кои што ние имавме можност да ја удвоиме предноста но тоа за жал не се случи.
NIKOLA SERAFIMOV BREAKS THE DEADLOCK WITH A GREAT FINISH ON THE HALF-VOLLEY!!!
📽️ @GoalsXtrapic.twitter.com/y9Iiwo5S87— Football Report (@FootballReprt) November 14, 2024