Завршива сагата околу евентуалниот премин на Стефан Бајчетиќ од репрезентацијата на Шпанија во онаа на Србија. Иако кај нашиот северен сосед јавноста константно го споменува како засилување, а селекторот Драган Стојковиќ Пикси најавува дека ќе испрати официјален повик за играчот на Ливерпул кој е на позајмица во Ред Бул Салзбург, сепак, од тоа нема да има ништо.
Бајчетиќ во моментов е дел од У21 селекцијата на Шпанија и на директното прашање што и како планира понатаму кога станува збор за неговата репрезентативна кариера тој кусо одговори.
„Јас сум шпанец и се чувствувам како шпанец“ – рече Бајчетиќ.
Со ова и дефинитивно се става крај на сите шпекулации околу играчот кој е син на Срѓан Бајчетиќ, екс играчот на Црвена Звезда кој подоцна играше во Шпанија, има сопруга од таму, а неговиот син Стефан е таму роден и ги мина сите младински селекции на „Фуријата“.