МАкедонската фудбалска јавност пред десетина дена беше сведок на прекрасен амбиент и фудбалска фешта во Битола, каде што домашниот Пелистер за прв пат во својата истоија во вечерен термин односно под рефлектори пречека еден противник. Тоа секако беше вечниот ривал Вардар, а голот на Мирко Ивановски во последните секунди од дуелот беше само „шлаг на тортата“.
Сега, откако рефлекторите во Битола го имаа своето деби што се вели, Пелистер планира вечерниот термин на одигрување на мечевите да биде стандарден. Па така, во рамките од 15. коло од ПМФЛ шампионатот, во Битола ќе пристигне Шкендија, а Пелистер најавува нов спектакл.
Мечот е закажан за 24.11.2024 во 17:00 часот.