Германец на центарот против Фарски в недела

100

Македонската репрезентација в недела ќе го одигра последниот меч од оваа Лига на Нации во кој на домашен терен ќе ја пречекаме селекцијата на Фарски Острови.

Откако синоќа ја победивме Летонија со 1:0 со голот на Серафимов, и дефинитивно обезбедивме прво место и пласман во Б дивизијата во следниот циклус, сега е на ред да го довршиме овој тековниот.

Мечот се игра во за нас неконвенционален термин од 15:00 часот, а правдата ќе ја дели Даниел Шлагер, еден од најреномираните Германски судии.

Сезонава Шлагер беше главен судија на четири натпревари во Бундеслигата, судеше и во европските натпреварувања, но интересно е што ќе го има првиот ангажман во репрезентативниот фудбал.

Рафаел Фолтин и Свен Вашхитски ќе бидат негови помошници, а за четврти судија е назначаен Тимо Герах. За ВАР собата задоложени ќе бидат Даниел Зиберт и Рисем Хусеин.

ПретходноПогба дефинитивно си оди од Јуве
СледноДимитријевиќ отпадна за Скопје: Се надевам дека ќе бидам во составот за вториот дуел со Литванија