Дориан Бабунски се врати со два гола по три месеци пауза (ВИДЕО)

235

Македонскиот репрезентативец и интернационалец Дориан Бабунски повторно е на терените. По тешката повреда и паузата од три месеци, напаѓачот неделава конечно направи кам бек и тоа на најдобар можен начин.

Постигна два гола на пријателскиот меч на неговиот тим Грасхоперс против екипата на Инсбрук од Австрија за конечни 5:2.

Бабунски го направи трансферот на кариерата кога минатата сезона од унгарски Дебрецин замина за Грасхоперс. Клубот имаше мала резултатска криза, но секако Бабунски беше еден од најдобрите играчи на „Скакулците“.

Сепак, повредата го спречи да напредува уште повеќе во формата, но што е тука е, сега Бабунски е повторно на терен и се надеваме дека проблемите се зад него.

ПретходноФудбалска Македонија потфрли: Очајуваме за победи, сега кога ги има – трибините останаа празни!
СледноРеал со специјален дрес посветен на Лука Модриќ и неговите 550 меча за клубот