И Дешамп прозборе: Мбапе има сериозни проблеми

317

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, потврди дека Килијан Мбапе се бори со „физички и психолошки“ проблеми и се соочува со „тешки“ моменти во екипата на Реал Мадрид.

„Факт е дека тој е во тешка ситуација. Очигледно е дека минува низ период кој не е најсреќен во неговата кариера“, изјави селекторот по ремито без голови на неговиот тим со Израел во Лигата на нации.

„Тој сакаше да дојде со тимот. Но, мислам дека е подобро тој да не биде повикан во моментов. Секој може да помине низ тежок период. Има и физички елемент и психолошки“, додаде Дидие Дешамп.

ПретходноДосегашниот тренер на Штурм е нов тренер на Хофенхајм
СледноЈовановски и Карановиќ на Конгресот на ФИВБ во Порто