После паузата поради ЕХФ неделата денеска продолжуваат мечевите од 11. коло во Супер-лигата. Ова коло ќе го отворат ракометарите на актуелниот македонски првак, Пелистер против Прилеп на домашен терен (18 часот).
Битолчани исто како и Вардар 1961 во продолжение на сезоната ќе имаат нов тренер. Пелистер се одлучи за Раул Алонсо, дека „црвено-црните“ за Аргентинецот Гиљермо Милано. И двата тима имаат иста цел освојување на титулата и Купот на Македонија, а двајцата тренери ветија остварување на истата.
Останатите мечеви на програмата се во сабота, а во центарот на вниманието е мечот меѓу ГРК Охрид и Алкалоид. Избраниците на Кирил Лазаров пред овој натпревар имаат серија од 10 победи во низа и се лидери на табелата. Алкалоид има 20 бода, два повеќе од Вардар 1961 и четири повеќе од Пелистер и ГРК Охрид.