Погба дефинитивно си оди од Јуве

45

Паул Погба речиси никој повеќе не го сваќа сериозно во светот на фудбалот. Своевремено еден од најдобрите играчи е суспендиран поради допинг веќе извесен период, но четири годишната казна му е намалена и тој е „слободен“ за настап следното лето.

Како што јавуваат медиумите, тој ќе смее да тренира со клуб од јануари, а да настапи за истиот од месец март следната година, но тоа дефинитивно нема да биде неговиот моментален клуб Јувентус. Во Торино не сакаат ниту да слушнат за него, Погба во моментов е во САД и тренира индивидуално. Од друга страна преговорите помеѓу неговиот правен тим и водството на Јувентус вродија со плод и тој е слободен да си оди. Нормално и неговата плата од цели осум милиони евра која му беше загарантирана со договорот одамна не ја прима туку според информациите на неговата сметка на месечно ниво стигнуваат само 2000 евра по некаков сосема друг основ.

 

ПретходноМакедонија добива учесник во Светскиот скијачки куп: Јана Атанасовска испиша историја
СледноГерманец на центарот против Фарски в недела