Македонската фудбалска репрезентација реди победи како никогаш до сега. Во Ц Лигата на Нации има серија од четири триумфи по ред, што пак е нешто што до сега не се случило во 30-годишното постоење на нашиот национален тим.
Во неделата „црвено-жолтите“ против Фарски Острови ќе имаат шанса да го зголемат ова остварување, но ќе биде голема штета доколку тоа го сторат пред празни трибини.
Синоќа на Арената „Тодор Проески“ на трибините едвај имаше 3.000 фанови. Со години фудбалска Македонија е гладна за победи, а сега кога се случуваат и кога е изборен пласман во В Дивизија и пласман во квалификациите за СП 2026 во третиот шешир, навивачите одлучија да останат дома пред ТВ-екраните наместо да им дадат поддршка на фудбалерите.
Сепак оваа слика може да се поправи во недела, па наместо едвај 3.000 гледачи нека бидат многу повеќе за да се прослави овој успешен циклус во Ц Дивизијата во ЛН.