Борец се врати на врвот, Наковски В. се израмни со скопските ривали

40

Одбојкарите на Борец со победата над Јанта Волеј ја продолжија фантастичната серија од шест последователни победи во домашното првенство и се вратија на првото место на табелата по комплетирањето на 6. коло. Велешани беа подобри од Јанта Волеј со 0:3 и останаа, заедно со Струмица, единствените непоразени екпи во досегашниот дел од сезоната.

Во рамките на некомплетното 6. коло кај дамите, екипата на Наковски Волеј го доби струмичкото дерби со градскиот ривал Струмица со 3:0. Втора радост и за одбојкарките на Младост УДГ, а победа оствари и Фит Фан Волеј кој сериозно се одржува во чекор со најдобрите.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ / 6. КОЛО

Универзитет во Тетово – Сушево 3:0 (25:14, 25:20, 25:14)     

Работнички 71&22 – Македонија Џио 3:0 (25:14, 25:9, 25:11) 

Лирија – Скопје  3:1 (25:21, 25:18, 17:25, 26:24)

Струмица – Весна Пробиштип  3:0 (25:15, 25:21, 25:10)     

Штип УГД – Вардар 1947   3:0 (25:13, 25:10, 25:15)

Јанта волеј – ГОК Борец     (денеска)

ТАБЕЛА: 1. ГОК Борец (17), 2. Штип УГД (15), 3. Струмица (15), 4. Работнички 71&22 (13), 5. Универзитет во Тетово (12)7. Шкендија (11), 8. Лирија (7), 9. Скопје (5), 10. Вардар 1947 (5), 11. Македонија Џио (3), 12. Весна Пробиштип (3), 13. Сушево (2), 14. Јанта Волеј (0).

ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / 6. КОЛО

Ускана  Младост УГД 0:3 (10:25, 18:25, 19:25)   

Вардар ЕМ – Фит фан волеј        1:3 (20:25, 19:25, 25:16, 23:25)   

Наковски волеј – Струмица       3:0 (25:16, 25:12, 25:10)       

Јанта волеј – Работнички Скопје            одложена

TАБЕЛА: 1. Работнички (14), 2. Јанта волеј (14), 3. Наковски Волеј (14), 4. Фит Фан Волеј (11), 5. Младост УГД (6), 6. Вардар ЕМ (5), 7. Струмица (3), 8. Ускана Волеј (2).

ПретходноФИФА објави како ќе изгледа новиот трофеј за светскиот клупски првак
СледноРаул Алонсо веќе е во Битола, од трибини го следи мечот меѓу Пелистер и Прилеп