Напаѓачот на Лацио, Буле Диа се разболел од маларија.
Ова се случило додека тој се наоѓаше на на кампот со репрезентацијата на Сенегал. Според последните вести, Диа ќе биде подложен на тестови во Дакар, а потоа, доколку е можно, ќе се врати во Рим. Маларијата спаѓа во група на болести кои се пренесуваат со каснување од комарец. Може да биде придружена со треска и други здравствени тегови.
Засега не е познато кога се очекува Диа да се врати во составот на Лацио за кој оваа сезона одигра 16 натпревари и постигна 8 гола.