Нено и Ти Џеј Шортс славеа во Евролигата

70

Со десетина минути на паркетот и три постигнати поени, македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ учествуваше во големата победа на Олимпија Милано во Белград. Вечерва во мечевите од 10. коло на евролигата, италијанскиот состав славеше над белградски Партизан како гостин со 81-88.

Фантастична партија во составот на Париз имаше уште еден макеоднски репрезентативец, Ти Џеј Шортс. Тој со 24 поени, 9 асистенции и еден скок го предводеше францускиот тим до изненадувачки убедлива победа на гостувањето кај Барселона. Париз славеше со 87-103 и ја запиша седмата сезонска победа со која се израмни со екипите во врвот на табелата.

На останатите вечерашни дуели Панатинаикос беше подобар од В. Болоња на гости со 77-82, додека Фенербахче замина како победник од Литванија на мечот со Жалгирис, 65-72.

ПретходноАталанта нема проблем да го продаде Лукман, но ако некој добро плати
СледноЛН: Србија со реми остана во игра за четвртфинале, Хрватска поразена на „Хемпден Парк“ (ВИДЕО)