Пелистер и Прилеп први на терен, дербито на 11. коло е во Охрид – таму гостува лидерот Алкалоид

38

После паузата поради ЕХФ неделата денеска продолжуваат мечевите од 11. коло во Супер-лигата. Ова коло ќе го отворат ракометарите на актуелниот македонски првак, Пелистер против Прилеп на домашен терен (18 часот).

Битолчани исто како и Вардар 1961 во продолжение на сезоната ќе имаат нов тренер. Пелистер се одлучи за Раул Алонсо, дека „црвено-црните“ за Аргентинецот Гиљермо Милано. И двата тима имаат иста цел освојување на титулата и Купот на Македонија, а двајцата тренери ветија остварување на истата.

Останатите мечеви на програмата се во сабота, а во центарот на вниманието е мечот меѓу ГРК Охрид и Алкалоид. Избраниците на Кирил Лазаров пред овој натпревар имаат серија од 10 победи во низа и се лидери на табелата. Алкалоид има 20 бода, два повеќе од Вардар 1961 и четири повеќе од Пелистер и ГРК Охрид.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – КОЛО 11
15.11.2024 – ПЕТОК
18:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РК ПРИЛЕП
16.11.2024 – САБОТА
13:30 часот РК СТРУГА – РК ВАРДАР 1961
15:00 часот МРК КУМАНОВО – РК РАДОВИШ
18:00 часот РК БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД – ГРК ТИКВЕШ 2014
18:30 часот РК ПРОЛЕТ 62 – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
18:30 часот ГРК ОХРИД – РК АЛКАЛОИД – пренос во живо на МРТ
ПретходноСтоле Димитриевски со посебна посвета по победата над Летонија (ФОТО)
СледноТрајковски: Посакуваме поголема поддршка против Фарски – го заслужуваме тоа!