Поранешен напаѓач на Јунајтед ја посочи првата грешка на Аморим

320

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Луис Саха, ја истакна првата грешка на новиот тренер на тимот Рубен Аморим веднаш по неговото пристигнување на „Олд Трафорд“. Тој го посочува ослободувањето на Руд ван Нистелрој како сериозна грешка поради искуството и знаењето на Холанѓанецот за клубот, како и промените во последните четири натпревари кои доведоа до брзо и драстично подобрување на резултатите. Ван Нистелрој беше донесен летото како помошник на Ерик тен Хаг, но откако тренерот беше отпуштен тој беше именуван за привремен тренер. На четири натпревари на чело на клубот постигна три успеси и едно реми против Челзи.

„Да му дозволи на Руд ван Нистелрој да си замине беше првата грешка на Рубен Аморим. Тој се откажа од човек кој го разбира и го познава клубот одвнатре, и може да му даде дополнителен увид во она што се промени во последните четири натпревари. Тоа е информација која може да биде пресудна за придвижување на клубот напред и како играчите повторно се чувствуваат поудобно. Штета што Ван Нистелрој си оди. Разбирам дека новиот тренер сака да дојде со свои луѓе, свој персонал, но присуството на Ван Нистелрој може да му помогне да го извлече најдоброто од играчите“, изјави Саха, кој беше дел од Манчестер Јунајтед од 2004 до 2008 година.

Спротивно мислење искажа уште една легенда на тимот – Рио Фердинанд, кој изрази разбирање за ослободувањето на неговиот поранешен соиграч, посочувајќи дека ќе биде многу тешко нов тренер да дојде и да седне покрај легенда од ваков ранг.

ПретходноБитола најавува нов спектакл: Пелистер – Шкендија во вечерен термин
СледноМакедонија добива учесник во Светскиот скијачки куп: Јана Атанасовска испиша историја