Раул Алонсо веќе е во Битола, од трибини го следи мечот меѓу Пелистер и Прилеп

71

Новиот тренер на Пелистер, Раул Алонсо, денеска пристигна во Битола. Во друштво на претседателот Зоран Стерјев тој се запозна со ракометарите и вработените во клубпт и во живо го следи својот нов клуб на натпреварот против Прилеп.

Раул Алонсо ќе започне со тренинзи викендов, а официјално ќе биде претставен во понеделник. Дебито на новиот стратег е закажано за во среда против Фредериција во Лигата на шампионите.

Тој доаѓа на местото на Бранислав Ангеловски, кој спогодбено се раздели со клубот по серија неуспеси во ЛШ, но и два порази во домашниот шампионат.
ПретходноБорец се врати на врвот, Наковски В. се израмни со скопските ривали
СледноБисек потпиша нов договор со Интер